(ВИДЕО) ПРЕКРШОЧНА ПРИЈАВА ЗА ЛОША ИЗВЕДБА НА ХИМНАТА ЗА ЈОСИПА ЛИСАЦ!
Настанот кој што се најде во центарот на Хрватска се случи пред неколку дена, за време на инаугурацијата на Зоран Милановиќ во Загреб, кога тој и официјално стана петтиот претседател на Хрватска.
Јосипа ја изведе химната со неспецифични тонови и артикулации, што од пошироката јавност беше дочекано ,,на нож” и протолкувано како исмејување со државата и народот.
Токму поради тоа, Бошко Жупановиќ, правник и сопственик на порталот Либурнија ја поднел прекршочната пријава против уметничката, за казнено дело од член 349 на законот за прекршоци, односно поради повреда на угледот на Република Хрватска.
Во описот на пријавата тој навел дека Лисац користела потсмевливи тонови кои не се друштвено прифатливи.