(Видео) Преку ARENDOO до Сончев Брег- мирно море и проѕирно чиста вода!

Сончев брег се наоѓа во јужниот дел на брегот на Црно море, а важи за најголемиот туристички центар во Бугарија.

Сончев Брег е сместен помеѓу северниот и јужниот дел на бугарската црноморска ривиера, во општината Несебар.

Меѓународниот аеродром Бургас е оддалечен 27 километри од Сончев Брег, а пристаништето и железничката станица во Бургас се оддалечени на 40 километри.

Овој бисер на бугарското приморје се карактеризира со мирно море и прозирно чиста вода поради која е доста популарен помеѓу туристите.

Преовладуваат туристи од Скандинавија и Русија.

На територијата на одморалиштето има повеќе од 200 хотели (три, четири и пет ѕвезди), како и над 100-тици ресторани, кафичи, продавници итн. кои се наоѓаат на Сончев Брег.

Во западниот дел на Сончев Брег, на површина од 36 декари, се наоѓа првиот воден парк „Action Aquapark “ во Бугарија со над 30 различни атракции на вода.

Хотелите ги нудат сите можности за целосна релаксација – отворени и затворени базени, зелени паркови и градини, спортски објекти, ресторани, дневни и ноќни барови, салони за убавина и многу повеќе. За љубителите на спортот, Сончев Брег нуди тениски терени, терени за кошарка и одбојка, мини голф, велосипеди, како и чамци за веслање и едрење, скутери, скии на вода, педалинки, падобран на вода и многу повеќе… Исто така постои и терен за коњи со добро обучени инструктори за јавање.

Голем број на природни дини, помеѓу кои растат 16 ретки растителни сорти (5 заштитени со закон) како и шаренолика природа која изобилува со флора , овој град го прави уште поубав.
Периодот помеѓу мај па се до септември донесува преку 1500 сончеви часа го оправдува името на овој град.

Доколку сакате песочни плажи со боја на злато , барови, кафичи на самиот брег, топло и чисто море, Сончев Брег е вистинското место за вас. Природен феномен на ова летувалиште – плажа составена од дина но со топло и плитко море постојано како магнет ги привлекува туристите од целиот свет.
Песочната плажа на Сончев брег е долга 10км, а широка околу 40 м , изобилува со барови и кафичи во кои туристите можат да уживаат во ладните напитоци, да изнајмат лежалки или чадори и да уживаат на плажата. Од Сончев Брег туристите може да ги посетуваат соседните плажи пешки со минибус или со бродчиња кои секојдневно се обраќаат во насока Сончев Брег- Несебар како и на други популарни места.

Ако ова лето вашиот избор е Сончев Брег, илјадници вили, соби и апартмани можете да најдете на платформата Arendoo , oфицијалната facebook страна на Arendoo.mk или facebook групата Ајде да патуваме! Туристички понуди за хотели, мотели, апартмани, соби…

Слични Објави