|

(Видео) Премиерот Ковачевски и владината делегација оддаваат почит на спомен обележјата посветени на Илинден во Крушево

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски оддаде почит и положи цвеќе на споменикот на Слива, којшто се наоѓа во близина на Крушево и претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, по што традиционално присуствуваа и на Панихидата којашто се организира секоја година во чест на загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“ во Крушево.

Во состав на владината делегација предводена од премиерот Ковачевски се заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Владината делегација по Панихидата за загинатите илинденци во црквата „Св. Никола“, ќе положи цвеќе и на споменикот на Мечкин Камен, по што ќе следи и централната манифестација каде ќе се обрати премиерот Ковачевски.

Државни делегации, денешниот голем национален празник го чествуваат на повеќе локации во чест на поставувањето на темелите на нашата државност и со оддавање почит на борците за самостојна и слободна држава.

Слични Објави