(Видео) Проф. д-р Никола Алт’нков во подкастот „Словоред“: Трите епохи на современа Бугарија и книжевноста
Проф. Никола Алт’нков е бугарски и американски научник и политичар. Доктор по историја од Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара и професор, магистер по уметности од Институтот за странски студии во Монтереј. Член е на Академијата за политички науки во Њујорк од 1984 година и на почесното социолошко друштво „Делта Тау Капа“ од 1975 година.
Политички емигрант во периодот од 1965 до 1995 година. Во 1965 година успеал да избега од Бугарија за време на екскурзија во Советскиот Сојуз, која вклучувала еден ден престој во Хелсинки (Финска). Живеел во Шведска, Германија и Франција, а во 1967 година емигрирал во САД.
Дипломирал историја и докторирал на Универзитетот на Калифорнија во Санта Барбара.
Предавал на високообразовни институции во САД, работел на научноистражувачки проекти. Сопственик е на корпорација за специјализирани истражувања, која се занимава со решавање на практични задачи во областа на политиката и социологијата. Извршувал истражувања и во областа на економијата.
Член е на Академијата за политички науки (Њујорк, 1984), на почесното социолошко друштво „Делта Тау Капа“ (1975), Американската асоцијација за напредок на словенските студии и Научната група за бугарски истражувања.
Во САД бил претседател на Бугарскиот национален фронт (во егзил), со почесен претседател Иван Дочев.
Автор е на книгите:
„България – малък тигър: стратегия XXI век“ (2000) „Икономика на благоденствието“ (2002, в съавторство с В. Рангелова) „Нарекоха ги фашисти. Легионери, отецпаисиевци, ратници, бранници, родозащитници, кубратисти“ (2004) „Кой победи“ (2009) „Светците ги съдят“ (2010) „История на БКП 1919–1989“ (2018, 2020) Фашистите построиха социализъма (2023)
