(ВИДЕО) СТОЧАРИТЕ ОД ПЕХЧЕВСКО НЕГРЕВО ВО ОЧАЈ
Сточарите од пехчевско Негрево во очај. Нема купувачи за најмалку 1.000 јагниња. Доколку за неколку дена не се појават откупувачи, јагнињата ќе останат во трлата , зашто ќе ја надминат оптималната килажа, а со тоа и можност да бидат продадени:
„Имам проблем со откупувањето моментално. Јас имам 120 овци а од нив планирам да дадам околу 90 јагниња„ вели во материјалот на ТВ Стар Асен Мицевски, сточар од с. Негрево, Пехчевско.
Ѓорѓи Лазаров е повратник од странство, кој во родното Негрево се вратил за да одгледува стока, но веќе трета година по ред се соочува само со проблеми:
„Ситуацијата ни е многу лоши лани беше за 120- денара оваа година исто. Ќе останат нема на кој да се дадат“ изјави Ѓорѓи Лазаров, сточар од с. Негрево, Пехчевско
Поради подоцнежната вегетација, јагнињата од Малешевијата се уште се на прехрана, што е уште еден голем трошок за овдешните сточари:
„Храната ни се при крај јас имав околу 6 тона и тоа го потрошив. Започнав пред 6 месеци. Закажав по цена од 100 денара се надевам дека ќе ги купат“ изјави Асен Мицевски, сточар од с. Негрево, Пехчевско
Поради сето ова, сточарите од овој крај бараат наместо откупувачите, јагнињата да им ги откупи Државата:
„Проблемот може да се реши да ги откупи државата. Нека го плати 170 денара нека ни помогне“ изјави Ѓорѓи Лазаров, сточар од с. Негрево, Пехчевско
Во идентична состојба се сите одгледувачи на јагниња во регионот. На откуп чекаат најмалку 70.000 јагниња.
Неодамна , министерот Трајан Димковски најави дека се бараат алтернативни пазари за македонските јагниња на Блискиот Исток, но досега со откуп не е започнати никаде.
Времето не е на страна на сточарите, па доколу откупот не започне за неколку денови, тие ќе бидат во најголемата неизвесност во последните 10-тина години.