| |

(Видео) Студент од Софија, далечен роднина на Димитар Талев бара од амбасадорката на РС Македонија да се огради од тврдењата на нејзиниот сопруг дека Војдан Чернодрински пишувал на македонски јазик

Димитар Панчев, студент по историја од Софија и далечен роднина на Димитар Талев од Прилеп остави историски документи во Амбасадата на РС Македонија во Софија.

Акцијата на Димитар Панчев e поттикната од изјава на Тони Поповски сопруг на амбасадорката на РС Македонија Агнеса Руси-Поповска, јавува бугарскиот информативен сајт Novini.bg.

Поповски пред неколку дена во објава на Фејсбук напишал дека Војдан Чернодрински (бугарски драматург, театарски актер и автор) пишувал на македонски јазик.

„Амбасадорката Агнеса Поповска веднаш да се огради од позицијата на сопствениот сопруг и фотографиите на кои беше присутна, дека Ѓорче Петров е македонски револуционер, а Војдан Чернодрински пишувал на македонски јазик. Фотографиите со гробовите на двајцата Бугари не се во Скопје, туку во Софија… Ова е крајно непријателски однос кон Бугарија! Покажува целосно непочитување на историската вистина и претставува потсмев со сите позиции на Бугарија. Потсмев со сите граѓани на Софија со корени од Македонија“, вели Панчев.

Слични Објави