(Видео)Трендафилов: Прво да се отвори културен центар во Слупчане, па после во Благоевград

///

Прво да се отвори културен центар во Слупчане, па после во Благоевград. Ова е пораката што ја испрати Георги Трендафилов од партијата Граѓанско Демократска Унија, кој беше гостин во емисијата „Стадион“ на Канал 77 во однос на најавата на премиерот Ковачевски за отворање на македонски културен центар во Благоевград.

„Тоа е една малку конфузна изјава, бидејќи Република Македонија има културен центар во Софија, исто како што Република Бугарија има културен центар во Скопје. Веројатно (Ковачевски) не е убеден до крај дека културниот центар во Битола е иницијатива на неколку локални луѓе од Битола, а поддршката за овој клуб доаѓа од политичката манифестација што ја видовме од претставници на позицијата и опозицијата. Изгледа извлекле заклучок дека во Благоевград ќе отворат уште еден клуб како оној во Софија. Можат да почнат од територијата на Република Македонија. На 2 мај има најави за одредена манифестација во Слупчане, па можеби треба да размислат дека треба да почнат да отвораат на територијата на Република Македонија “, изјави Трендафилов.



Претходна статија

Младенов: Политизирањето на историјата во РС Македонија создаде непријателство меѓу луѓе со заедничко минато

Следна статија

По Вашингтон и Брисел и официјална Анкара одби Арифи да биде амбасадор на Македонија во Турција

Најново од Вести