|

(Видео) Украинската Бугарка Тетјана Станева во К8: Против руските лажни вести за војната во Украина

Во синоќешната епизода на македонско-бугарскиот поткаст „Коридор 8“ гостуваше украинската Бугарка Тетјана Станева. Главна тема на разговорот беа лажните вести, како дел од психолошката војна што ја води Русија против Украина. Освен за основната тема, Станева откри и интересни информации за начинот на живот на луѓето од нејзиното село Чушмели, нивните обичаи, традиции и менталитет.

„Во оваа епизода ги рушиме пропагандните митови (за „забраната“ на рускиот јазик во Украина, за „изгорениот Бугарин“ во Одеса, за наводно урната стара црква во Киев, за насилната промена на имињата во Украина итн.). Има интересни лични приказни за тоа како се одгледува арпаџик во Чушмели, за работата на нива во август и спиењето во шатори, и семејните разговори покрај огнот. Во епизодата говоревме и за вредните антрополошки сведоштва за обичајот „редење“ кога ќе умре човек или за разликата во менталитетот на Бугарките од Украина и оние од Бугарија“, пишува Георги Станков, автор и еден од водителите на поткастот Коридор 8.

Слични Објави