|

(Видео) Заглавени автомобили и камиони, поплавени улици – снимка од Плетвар

Обилните врнежи предизвикаа поплавување на повеќе патни правци во Пелагонискиот регион. На Плетвар поради поплавување на коловозот заглавени се автомобили и камиони. Кај Плетвар пред тунелите има свлечиште и одрон на карпи. Се преземаат мерки за расчистување, информира АМСМ.

Поради обилни врнежи дожд и излевање на р.Реачка Река, кај с.Реац, од 07:20 часот утрово, како што објави Макфакс, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп е во целосен прекин. На клучката кај м.в.„Мотел Дреново“, на коловозот има големо количество вода.



Слични Објави