|

(Видео) Запечатен локал и сметка останаа по двојното убиство во скопскиот локал

Кафулето „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија, во кое синоќа се случи двојното убиство, денес е затворено. До објектот, за разлика од синоќа, може да се пристапи. Отстранети се полициските ленти, кои беа поставени за да се обезбеди местото. Денес нема полиција, а ги нема ниту сопствениците. Возилата што беа паркирани пред локалот се тргнати од улицата. Единствено што може да се забележи е дека утринава стигнала и пошта – по ковертот закачен на влезот.

Од институциите нема информација дали има некаква трага од вооружената група, која вчера упадна во овој локал. Од Обвинителството соопштија само дека се собрани сите траги и докази што ги оставиле петтемина што го извршија вооружениот напад.

Синоќа, кафулето беше опкружено со полиција. Блокирани со полициски возила беа пристапите до Старата чаршија и местото вриеше од полиција. Безмалку во ист број со полицајците, во Старата чаршија до доцна во ноќта беа собрани граѓани, од кои многумина се претставија дека се роднини и пријатели на убиените.

Пет лица во униформи синоќа влегоа во кафулето со наредба никој да не мрдне, убија двајца од гостите, кои седеле во одвоена просторија, и ранија еден.

„Макфакс“ објави детали за тоа како се случи двојното убиство.

Слични Објави