| |

ВИРУСОТ БЕСНЕЕ, БРОЈОТ НА ЗАБОЛЕНИ ЈА ОТВОРИ МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА

Модуларната болница сместена до Клиниката во инфективни болести во Скопје, и самата стана показател како се движи растот на заболени од Ковид-19. Првите пациенти во неа почнаа да се примаат на 20-ти октомври минатата година, кога почна кулминацијата на есенскиот бран, па болничките капацитети за многу кратко време беа исполнети. По два и пол месеца, со намалувањето на бројот на заболени, модуларната болница се испразни и беше затворена во првата декада на јануари годинава.

Два месеца подоцна, состојбата повторно се менува. Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека модуларната болница од денеска повторно ќе работи, бидејќи Инфективната клиника по еден подолг период целосно се исполнила, јавува Deutsche Welle.

Исто како лани

Бројките навестуваат неспокоен период. Заклучно со вчера, 787 пациенти се лекуваат во болниците во главниот град и на инфективните одделенија во други градови. Завчера во ковид-центрите во Скопје биле хоспитализирани 39 нови пациенти со компликации од коронавирусот, со што бројката изнесува 323 лица хоспитализирани на инфективните оддели во Скопје. Завчера 9 лица починале како последица од Ковид-19, а од направени 3.323 тестирања, регистрирани биле 721 новозаразени.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави