„Вистината за ДУИ“: Наводна злоупотреба на паркинзи, долгови и нерегуларни тендери во Гостивар
Во рамките на кампањата „Вистината за ДУИ“ претставниците на Јавното претпријатие „Јавни паркиралишта и зеленило“ – Гостивар, денеска на прес-конференција обелоденија повеќе наводни злоупотреби направени од страна на претходното раководство на претпријатието.
Од ЈПЗ соопштија дека наследиле долгови во износ од 85.000 евра, кои биле создадени поради непродуктивни трошоци и некапитални инвестиции, но само за фирмите кои добиле тендери. Неплатен бил и персоналниот данок на плати од јануари до септември 2017 во износ од 501.485.00 денари, иако, како што потенцираат имало доволно средства за исплата на данокот.
Од претпријатието посочија и дека претпријатието било оштетено за околу 1.000.000 денари, откако бил објавен тендер за одржување на јавните зелени површини и хортикултурно уредување што го добила приватна фирма во износ од 1.638.152 денари. (Прочитајте го целиот напис овде)

