ВКУПНО 339.000 ЛУЃЕ ЗАРАЗЕНИ, 14.700 ПОЧИНАТИ И 99.014 ИЗЛЕКУВАНИ ОД КОРОНАВИРУС ВО СВЕТОТ

/

Во 192 земји и територии низ целиот свет, од вкупно 195, досега се заразени вкупно 339.234 лица со коронaвирус, а починале 14.703 лица, според најновите податоци на сајтот „Ворлдметер“.

Досега закрепнале 99.014 лица, претежно во Кина, каде што биле излечени 81.093 лица.

Италија сè уште е во фокусот на епидемијата во Европа, а сè повеќе заболени има и во Шпанија.

Вкупниот број заразени во Италија е 59.138, а 5.476 починале.

Во Шпанија биле заразени 28.768 лица, а 1.772 починале.



Меѓу првите пет држави на списокот во „Ворлдметер“ се и Соединетите Држави, каде што се потврдени 34.953 случаи и 457 смртни случаи, како и Германија, со 24.873 заразени и 94 починати.

Што се однесува до земјите од регионот, по тројца починати има во Романија и Бугарија, во Србија, Албанија и Словенија има по две жртви,а во Северна Македонија, БиХ и Црна Гора, по еден починат.

Најмногу заразени се регистрирани во Романија, 433, по нив следат Словенија со 414 заболени, Србија со 222 случаи, Бугарија со 187, БиХ со 126, Северна Македонија со 115, Албанија со 89 и Црна Гора со 22 случаи./Макфакс

Претходна статија

ПРВА ЖРТВА НА КОРОНАВИРУСОТ ВО ЦРНА ГОРА

Следна статија

АВИОН СО 220 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ОД ХРВАТСКА ДОАЃА ВО СКОПЈЕ, ОД АМБАСАДАТА ТВРДАТ ДЕКА НЕМА НИТУ ЕДЕН ЗАРАЗЕН СО КОВИД-19

Најново од Вести