|

Владата: Продажбата на акциите од АД Славија е запрена поради барањето за времена мерка доставено до Судот

Владата ги отфрли тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека Агенцијата за управување со одземен имот се откажала од продажбата на акциите на АД Славија. Оттаму велат дека таквите тврдења биле целосно неточни и манипулативни.

„ Продажбата на АД Славија е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето од страна на Кирил Кочевски, поранешен сопственик на акциите на АД Славија.

Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД Славија поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од судот.

Управниот одбор на Агенцијата врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка добиен од Судот и согласно досегашната пракса одлучи времено да ја запре постапката за продажба. Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции“ соопшти владината прес-служба.

Извор: Temite



Слични Објави