ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД ОЛИВЕР СПАСОВСКИ
Најмалото нешто што може да го направи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е да си поднесе оставка, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција која заврши пред неколку минути. Од опозиционата партија бараат нападот врз членот на навивачката група „Комити“, Никола Саздовски, кој заврши со трагични последици да биде толкуван како обид за убиство а не како физички напад. Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека после доаѓањето на СДСМ на власт има уште неколку такви слични случаеви спомнувајќи ги нападот на Комити што се случи на Рекорд и убиството на Мартин Јанушев. Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ на слобода во моментот се 850 криминалци, додека професионалците во МВР се деградирани.

