| |

ВМРО ДПМНЕ : ДИМИТРОВ ДА ГИ ВРАТИ ПАРИТЕ ИЛИ ДА СЕ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

обро е што владата денес ја призна грешката и се извини затоа што го згрешија знамето на Австрија со знамето на Латвија, но подобро ќе беше да згрешат и стипендијата од 40.000 долари наместо на ќерката на Димитров да ја доделат на некој друг студент кој не може да си дозволи студирање на престижен универзитет во Холандија.

Министерот за надворешни работи или да ги врати парите на граѓаните или да си даде оставка! Недозволиво е во итна процедура, на ден или два пред локални избори, надлежната комисија во Министерството за образование да одлучува да и додели 40 000 долари на ќерката на Димитров. Што е итноста и зошто таа би била привилегирана во однос на било кој друг студент ?

Додека студенти спијат по дворови на студентски домови, додека учениците немаат книги, иако учебната година е почната, ќерката на Никола Димитров добива стипендија од 40.000 долари за студирање на престижен универзитет во Холандија во непосредна близина на нејзиното семејно живеалиште.

40.000 долари на даночните обврзници на Република Македонија ќе завршат за потребите на ќерката на Никола Димитров, човекот кој стави потпис на капитулантскиот договор со Грција.

Животот кој СДСМ го ветуваше дојде но само за функционерите во власта и нивните семејства.

Непотизмот стана заштитен знак на оваа расипничка власт, која не штеди кога се работи за лична корист на семејствата на функционерите.

Додека продаваат европски вредности и декларативно се залагаат за ЕУ, во реалноста тоа го прават сосема спротивно. Непотизмот не е и никогаш не бил европска вредност. Непотизмот кој го практикува оваа власт е одлика на еден систем од минатото чиј идеолошки наследник е СДСМ.

Доколку  Димитров навистина се залага за европски вредности и практики, треба да поднесе оставка и да преземе одговорност.

СДСМ и Димитров мора да поднесат одговорност. СДСМ и Димитров мора да си заминат, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Слични Објави