ВМРО-ДПМНЕ: НА ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ НЕ ИМ Е ГАЈЛЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ГРАЃАНИТЕ
Продолжен полициски час, кризна состојба, ама Заев решил дека мора да го исполни меѓупартискиот договор и да се одржи попис. Заев не се откажува од попис и по цена да се реализираат проценките дека во тој период на спроведување на пописот би имало околу 2400 починати и околу 50 илјади заболени, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„На Заев и Филипче не им е гајле за здравјето на граѓаните.
Заев има единствена грижа да ги реализира тесните партиски интереси, да го реализира тоа што си го договорил со владиниот партнер.
Заев не се интересира што секојдневно има по неколку десеттина починати.
Заев не се грижи што бројката на починати е речиси 3500 лица.
Заев не се грижи што нема склучено нити еден договор за набавка на вакцини и што нема вакцини против корона.
Ама затоа ќе си го истера договорот за политички попис по цена на животот на граѓаните.
Ќе дојде време кога ќе одговарате за сите постапки, а најтешки се загрозувањето на животите и здравјето на граѓаните на Македонија“ – се наведува во соопштението на партијата.