| |

ВМРО-ДПМНЕ ПОДНЕСЕ ИНТЕРПЕЛАЦИЈА ЗА НИКОЛА ДИМИТРОВ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил објави дека поднеле интерпелација за, како што наведува, најнеуспешниот министер за надворешни работи Никола Димитров.

„Никола Димитров со Заев донесоа капитулантски договор! Понижување и разградување на Македонските национални и државни интереси! Димитров кажа дека Македонците биле нација со комплекс! Нема датум за преговори со ЕУ. Македонската дипломатија исто како и државата е прикована на дното. Поднесовме интерпелација за најнеуспешниот министер за надворешни работи. За да престане срамот, за да македонскиот углед не продолжи да се урива“- пишува на својата официјална facebook страна Мицкоски.

Слични Објави