|

ВМРО-ДПМНЕ: Владата во заминување повторно удри по граѓаните, Ковачевски со 2500 евра апанажа не чувствува глад, но 600.000 граѓани едвај преживуваат

Владата на СДС и ДУИ во заминување повторно удира по џебот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

– За 1500 денари се зголеми потрошувачката кошница на граѓаните само за месец март и со тоа истата изнесува 59.000 денари. За да се прехрани едно четиричлено семејство потребни им се најмалку три минимални плати. Никогаш не се живееле полошо како сега со владата на СДС и ДУИ, – велат од оваа партија.

Оттаму додаваат дека „Димитар Ковачевски со апанажа од 2500 евра не чувствува глад, но наши 600.000 сограѓани дневно живеат со по 150 денари. Додека СДС и ДУИ ги уживаат привилегиите и удобствата на функциите, го уништија животниот стандард на граѓаните. Се повеќе граѓани живеат на работ на егзистенцијата. СДС и ДУИ за 7 години донесоа само беда и сиромаштија. Затоа потребни се промени“.



Слични Објави