ВМРО НА КАРАКАЧАНОВ: ПАТРИОТСКО ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ИЗБОРИТЕ, НО ЛИДЕРИТЕ НАДВОР ОД ПАРЛАМЕНТОТ
Патриотските партии во Бугарија да се обединат за изборите што претстојат, но нивните лидери да не бидат во листите и така да докажат дека Бугарија им е на прво место. Таква идеја денеска лансираше лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов на прес-конференција во централата на партијата.
Каракачанов повторно изјави дека за нив најдобрата варијанта е да се појават сами на избори, бидејќи немаат од што да се срамат и поради фактот што сите ветувања што ги дале на претходните избори ги исполниле.
Каракачанов подвлекува дека ВМРО ќе бара обединување со други патриотски партии врз база на седум приоритети: Зачувување на традиционалните семејни вредности, интеграција на малцинствата, промена на Уставот со цел давање повеќе овластувања на претседателот, намалување на бројот на пратениците во сооднос бројот на населението и други.