ВО АЛБАНИЈА САМО ШЕСТМИНА НОВОЗАРАЗЕНИ СО НОВИОТ КОРОНАВИРУС

/

Во последното деноноќие во Албанија регистарани се само шестмина новозаразени со ковид-19, што е најмала бројка од појавата на пандемијата, пренеусва Плусинфо.

– Во последните 24 часа тестирани се 224 сомнителни случаи а позитивен резултатот е кај само шест од нив,со што вкупната бројка изнесува 856 зарзени лица. Во исто време во списокот на оздравени се впишани седуммина. Вкупната бројка на оздравени сега изнесува 627лица – изјави Марјета Дервиши од Институтот за јавно здравје.

Таа информираше дека активни се 198 случаи, а само околу 15 отсто се третираат болнички, додека другите се со лесна форма, се лекуваат во домашни услови и нивната состојба ја следат матичните лекари.



– Во последните денови има подобрување на состојбата и во болниците. Моментно во Инфективната клиника и во болницата „Шефќет Ндроќи“ хоспитализирани се 29 лица а само четворица од нив се на интензивна терапија. До сега починати се 31 лице. Повеќе од десет дена немаме загубени животи – рече Дервиши.

Во Албанија до сега напраени се 10.543 тестови, позитивни се 856, при што дури 70 отсто од нив се излекувани.

Претходна статија

ТАЧИ: ЕДИНСТВЕНА СТРАТЕШКА ЦЕЛ НА КОСОВО Е ЗАЧЛЕНУВАЊЕТО ВО ЕУ И НАТО

Следна статија

БРНС НА ИСТА ЛИНИЈА СО ПАРТИИТЕ ОД ОПОЗИЦИЈАТА: СЕГА НЕ Е ВРЕМЕ ЗА ИЗБОРИ

Најново од Вести