ВО БИТОЛА ИЗЛОЖБА И ПРОЕКЦИИ ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ НА ФИЛМОТ „МИС СТОН“

Во рамки на Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, Кинотеката на Македонија, вечер со почеток во 19 часот во битолскиот културен центар „Магаза“ ќе приреди изложба и филмски проекции со кои се одбележува 60- годишнината од премиерата на македонскиот игран филм „Мис Стон“…

На изложбата насловена „Мис Стон: Некаде помеѓу Елен и Автономија“ ќе бидат изложени фотографии, документи, преписки, сценарија, прес-клипинзи, книги на снимање, сценографски скици, пропаганден материјал и друга архивска граѓа. По повод јубилејот, пред македонската јавност и филмската публика, ќе биде презентиран значаен дел од сочуваните материјали кои денес се дел од збирката на пишувана документација на архивот на Кинотеката на Македонија. Изложбата, ќе биде придружена со проекција на филмот „Мис Стон“, кој е во режија на Жика Митровиќ.

 



Слични Објави