| |

Во бугарскиот град Левски почна изградбата на музеј посветен на легендарниот бугарски актер Георги Парцалев

Во градот Левски во Бугарија на 4 август беше поставен камен-темелникот на Музејско-изложбениот комплекс „Георги Парцалев“, посветен на животот и творештвото на еден од најомилените бугарски актери, јавува БГНЕС.

Градоначалничката на општина Левски, Љубка Александрова, го оцени настанот како историски за градот и истакна дека музејот е долгогодишна желба на жителите. „Со денешниот почеток се додава уште еден значаен датум во историјата на градот Левски“, изјави таа. Комплексот, заедно со летниот театар и Народното читалиште „Георги Парцалев 1901“, треба да стане културен центар за уметност и средби.

Големиот бугарски актер Георги Парцалев е роден во Левски на 16 јуни 1925 година. Иако завршил медицина на Софискиот универзитет, актерската кариера ја започнал во средината на 1950-тите, а на филмското платно дебитирал во 1958 година во култната комедија „Миленик 13“.

Меѓу неговите најпознати филмови се „Кит“, „Со деца на море“, „Сиромашко лето“, „Два диоптри далекувидост“ и „Тринаесеттата свршеница на принцот“. За улогата на Методи Рашков во „Сиромашко лето“ ја добил наградата за најдобра машка улога на фестивалот во Прага. Парцалев починал од леукемија на 31 октомври 1989 година, на 64-годишна возраст.

Слични Објави