Во Франција стапи на сила задолжителната вакцинација против ковид-19 за здравствените работници

/

Во Франција од денеска стапува на сила задолжителна вакцинација против ковид-19 на лицата кои работат во здравствениот сектор. Мерката опфаќа околу 2,7 милиони луѓе вработени во здравство.

За да ја продолжат својата професија, од денеска, тие ќе треба да обезбедат доказ дека примиле барем една доза вакцина против коронавирусот.

Оваа мерка, францускиот претседател Емануел Макрон ја најави пред околу два месеци, но сè уште има здравствени работници кои одбиваат да се вакцинираат. Според најновите податоци на властите, заклучно со 7 септември, нешто повеќе од 88 проценти од здравствените работници во болниците и домовите за стари лица примиле барем една доза од вакцината против ковид-19.



Синдикатите на француските медицински лица предупредија дека може да биде предизвикана здравствена катастрофа доколку тие кои одбиваат да се вакцинираат престанат да работат и ги повикуваа властите да избегнат воведување санкции.

Извор: zoom.mk

Претходна статија

Борел: Русија сака да не’ подели, не им е грижа за Европската Унија

Следна статија

МЗ: Вчера се аплицирани 13.493 вакцини

Најново од Вести