Во ИЈЗ се проверува дали пациентот од Кичево има мајмунски сипаници

/

До Институтот за јавно здравје во текот на денот треба да пристигне  примерок за тестирање на сомнителен случај на мајмунски сипаници. Пациентот е од Кичево, во добра здравствена состојба и нема потреба од хоспитализација, соопшти претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

-Пациентот е лоциран. Контактиран е од надлежниот епидемиолог во Битола и првичната епидемиолошка анкета е завршена. Имаме достапни тестови и во ИЈЗ треба да имаме одговор дали се работи за мајмунски сипаници, изјави за Сител Телевизија Петличковски.

Пациентот од Кичево пред неколку дена добил осип на телото, што е еден од симптомите на мајмунски сипаници

Претседателот на КЗБ додаде дека се направени првични лабораториски анализи, а Комисијата попладнево ќе одржи состанок за состојбата со мајмунските сипаници.





Претходна статија

Кај Железничката станицата Зелениково пронајден човечки труп

Следна статија

МНР: Немаме информации дека македонски државјани се борат во Украина

Најново од Вести