ВО КОЧАНИ КОНЦЕРТ НА КАМЕРНИОТ СОСТАВ „КВАРТЕТ“
Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска (17 септември), со почеток во 20 часот, составот „Квартет“ ќе одржи џез-концерт …
На програмата е свитата за флејта и џез пијано трио од Клод Болинг. „Квартет“ (TheQuartet) е млад камерен состав оформен во април 2017 година, а во изминатиот период реализирал повеќе концертни настапи. Членови на овој квартет се: Билјана Петровска – пијано; Марија Јакимовска – флејта; Гоце Стевковски – удирачки инструменти; Динко Стипаничев – контрабас.
Влезот за концертот, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура, е слободен.
