Во Културниот клуб „Иван Михајлов“ – Битола беше одбележан Денот на народните будители
На 1 ноември, по повод Денот на народните будители, во Бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ – Битола беше одбележан овој светол празник посветен на сите што со перо, збор и дух го разбудиле бугарскиот народ и ја запалиле искрата на просветата, културата и слободата.
На настанот беше промовирано фототипното издание на зборникот „Народни умотворения, наука и книжнина“ од големиот Марко Цепенков – дело што ја собира народната мудрост и ја одразува душата на бугарскиот народ, потсетувајќи нè на нашите корени и идентитет.
На настанот присуствуваа генералниот конзул на Република Бугарија во Битола Николај Димитров и пратеничката од бугарскиот парламент Елисавета Белобрадова, кои упатија честитки и поддршка за делото на Бугарите во Македонија. Меѓу присутните имаше и гости од Бугарија – пријатели и истомисленици кои ја споделија свеченоста на овој празник на духот и родољубието.
Изданието е реализирано со поддршка на повеќе институции и родољубиви организации, а издавачи се Иван Сапунџиев – ЕООД, Народно читалище „Зора – Ќустендил 2003“ и Културниот клуб „Иван Михајлов“ – Битола.
Настанот заврши со порака дека будителството не е минато, туку обврска на секој од нас денес – да ја чуваме бугарската меморија, јазикот и духот како заедничко дело на сите што го носат во срцето идеалот на слободата и просветата.
„Да живее Бугарија! Да живее бугарскиот дух во Македонија!“, велат од КЦ „Иван Михајлов“- Битола.

