ВО ПОРТУГАЛИЈА МАСОВНИ ТЕСТИРАЊА ЗА СИГУРНА ТУРИСТИЧКА СЕЗОНА

Крајбрежниот град Часчаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија кој ќе ги тестира сите свои 200.000 граѓани од коронавирус, пренесува Плусинфо.

Со тоа градските власти во овој град сакаат на туристите да им овозможт нормална летна сезона.

– Секој тест за коронавирус во овој град чини 5 евра, а истиот ќе го плати општината – изјави градоначалникот Мигел Пинто Луз, оценувајќи дека таквите иницијативи се многу потребни поради довербата кај луѓето.

Тој за ваквата одлука смета дека истата е добра и во моменти кога со сите сили се пробува да се крене економијата.

Многу други земји размислуваат на ваков потег и со масовни тестирања да го убрзаат растот на економијата во својата држава.

Португалија е земја со преку 30.000 случаи на коронавирус, а 1.277 ја загубија оваа битка, Португалија е земја која започна со ублажување на мерките.