ВО ПРИВАТНA КЛИНИКА ВО АТИНА 34 ЗАРАЗЕНИ И ТРОЈЦА ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19

/

Во една од двете приватни клиники во Атина за кои грчкото Обвинителство ќе започне истрага за ширењето на коронавирусот, заразени се вкупно 37 лица (пациенти и вработени) од кои тројца починаа, јави дописничката на МИА од Атина, пренесува Плусинфо.

Пациентите се лица со бубрежни заболувања, а во приватната клиника биле во одделот за хемодијализа.

Претставникот за Ковид-19 на Министерството за здравство на Грција, професорот Сотирис Циодрас денеска ја посети клиниката и рече дека од 116 пациенти, позитивни на коронавирусот се 17 и тројца починале, а од 110 вработени позитивни се исто 17 лица.

Позитивните пациенти се пренесени во други здравствени установи, а позитивните вработени се во домашна изолација.



Претходна статија

ИНСПЕКТОРИТЕ КОНСТАТИРАЛЕ ОДРЕДЕНИ НЕДОСТАТОЦИ ЗА СРЕДБАТА ВО КУМАНОВО

Следна статија

СТРАШНО! НА КОМШИИТЕ ДУРИ ИМ СМЕТА СМЕАТА НА ДЕТЕ СО АУТИЗАМ

Најново од Вести