Во Русија во последните 24 часа се потврдени 12.953 нови случаи на коронавирус, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 4.151.984 случаи на инфекција, објави денеска кризниот центар задолжен за борба против коронавирусот.
loading...
Уште 480 лица кои биле заразени со вирусот починале, а вкупниот број на смртни случаи е 82.876, пренесува ТАСС.
Коронавирусот го победиле 3.697.433 лица.
Русија е на четвртото место во светот според вкупниот број потврдени случаи на КОВИД-19, по САД, Бразил и Индија.