ВО СКОПЈЕ СЕ СНИМААТ УРБАНИТЕ СЦЕНИ ОД ФИЛМОТ „ВРБА“ НА МАНЧЕВСКИ

Во Скопје деновиве се снима современиот, урбан дел од филмот-диптих, „Врба“ на Милчо Манчевски, откако заврши снимањето на делот од 17 век, кој од октомври се работеше во Мариово, Преспа и Трескавец. Режисерот Манчевски за медиумите изјави дека штотуку се вратил од 17 век каде што, рече, си поминал многу убаво со ликовите Донка и Милан…

На прашањето зошто избрал чисто љубовна приказна, одговори дека тоа е приказна која посакала да биде раскажана и дека често приказните сами го избираат него, а не тој нив. Тој додава оти не постои ниту само историски, ниту само љубовен или само политички филм. Ако е добар филмот или ако е добар романот, тогаш тие се секогаш повеќе работи во исто време. Агенцијата за филм го поддржа со 1,2 милиони евра овој негов преокт кој е во продукција на „Банана-филм“.

Она што преостанува од снимањето на „Врба“ ќе биде во Скопје и треба да заврши во првата недела од декември. Монтажата на филмот ќе заврши во средината на 2019 година.

Во главните улоги се младата Наталија Теодосиева , Никола Ристески. А, во екипата се и: Петар Марчевски, Сара Климоска, Ненад Нацев, Камка Тоциновски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ.



Слични Објави