| |

ГРУЕВСКИ: НЕ МЕ МИСЛЕТЕ ТУКА СУМ!

По долгата мижитатара со нашиот драг екс премиер Николче, таман кога веќе почна да се губи надежта дека нема да се најде, тој милиот за да не нѐ секира нас граѓаните си напиша статус на неговата страна: „ Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам.“

Ќе ве излажам ако кажам дека не пукнав од смеење кога го прочитав ова! Е сега не знам само дали ја знаете онаа чудна насмевка кога иде да си каснеш од задното дебело месо од што ти е мака ама пошто не знаеш што да правиш само си се смееш бидејќи веќе да ја прегазуваш високата линија на сопствената интелегенцијата кон лудоста.

Мили екс премиере! Што да ти кажам освен алал да ти е! Алал да ти е а не арам да ти е пошто си се снајде и си кидна како Македонец ведаш штом ќе добие бугарски пасош! Е не! Абе нека те бараат овие по катни гаражи, по тунели, по женски и машки вециња… Нека, нека та нели и они треба да земат дневница ! Николче браво! Си одработи ти што требаше, , си ги наполни џепчињата и ни направи Скопје 2014 за секогаш да се сеќаваме на тебе и твоето владеење! Само екс брате наш, не сме сите комуњари во оваа држава. А богами сите мои се иселија од твоето владеење… Не ожнеавте, не оставивте гладни и на крај циркуз ни направивте! Знаеш моментот кога полицијата оди да те земе од дома за во затвор небаре ти ќе ги чекаш со бонбончиња пред вратата како сватови… Да не беше тажно ќе беше смешно!

Се прашувам само едно… Како милиот ни наш екс премиер успеал да стигне до Унгарија? Нели сега други се на власт а не неговите? СЕГА ВЕЌЕ Е ДОСТА! Ги пониживте сите граѓани бе! До кога мислите да ни ја потценувате нашата интелегенција?! До кога мислите дека не убедивте во тоа НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР?! Признајте си барем дека сите работите заедно, и власта и опозицијата. Признајте си дека си оставате џокери вие од власта за еден ден ако ве снајде истото и вие да можете САМИ „да избегате“!

Сите вие од досегашната политичка сцена се збогативте а нас не избркавте од сопствената земја трагајќи по подобар живот. Живот за ЛЕБ, пријатели! Ама не заборавајте едно, народот се буди и овој пат навистина ДОДЕКА НЕМА ДА ИМА ПРАВДА НЕМА НИ ДА ИМА МИР! ОСТАВКА! ОСТАВКА! ОСТАВКА!

Автор: Елизабета Најдоска Величкова



Слични Објави