|

Во Sofia DocuMental ќе бидат прикажани 30 филмови

Триесет филмови ќе бидат прикажани на петтото издание на меѓународниот документарен фестивал за човекови права „Sofia DocuMental“. По втор пат ќе има и онлајн издание достапно на една од најголемите бугарски платформи за видео содржини.

Голем дел од лентите се добитници на престижни меѓународни награди, изјави за БНР директорката на фестивалот Мартичка Божилова.

„Годинава имаме рекорден број филмови. Официјалното отворање е во понеделник на 30 септември со филмот „Без насока“ на грчката режисерка Елина Псику, копродукција со Бугарија. Отворањето традиционално ќе биде во Ларгото, под куполите, во Триаголникот на власта, мислам дека е многу симболично и навистина многу празнично. Имаме рекорден број гости оваа година, дури и во балкански димензии, што го прави Sofia DocuMental моментално најголемиот фестивал на документарно кино во Бугарија“.

Фото: БНР

Слични Објави