| |

Во Софија е поставена изложба посветена на големиот бугарски оперски пејач со потекло од Македонија Борис Христов

Од 01.08.2024 година, во сала 3 на Општинскиот културен институт (ОКИ) „Красно Село“ во Софија, може да се погледне уникатна изложба на фотографии посветена на личноста на големиот бугарски оперски пејач со потекло од Македонија Борис Христов. Изложбата е дел од активностите по повод 110-годишнината од раѓањето на големиот бас. По темата за Радио Софија говори д-р Ивелина Ќучукова, директорка на ОКИ „Красно село“.

„Мислам дека личноста на Борис Христов не само што е интересна, не само што е исполнета со навистина многу и различни животни настани и неверојатен креативен пат, туку мислам дека Борис Христов е референца за Бугарија. Во 90-тите години имаше многу малку референци по кои Бугарија беше препознатлива, како што знаеме, оперското пеење и нашите познати оперски пејачи секако беа едни од нив, на чело со личноста на Борис Христов“, вели Ќучукова.

Изложбата вклучува 41 фотографија од семејниот и професионалниот живот на легендарниот оперски пејач. Таа веќе го посети Рим, а официјално беше отворена во Софија на 19 август годинава.

Изложбата ќе биде поставена во Софија до 28.08.2024 година и ќе биде отворена за сите што сакаат да ја видат од 8 до 18 часот секој ден.



Слични Објави