ВО СУГАРЕВО ОДДРЖАНА ТРАДИЦИОНАЛНАТА ПАНИХИДА ВО ПАМЕТ НА ТОДОР АЛЕКСАНДРОВ
Во близина на селото Сугарево, Мелник денеска се одржа традиционалната панихида во памет на големиот револуционер и водач на ВМРО, Тодор Александров. Потсетуваме дека вчера се навршија 95 години од подлото убиство на легендарниот водач на Организацијата.
Венци и свежо цвеќе на вечните почивалишта на Александров и неговиот телохранител Панзо Зафиров, положија стотици почитувачи на ликот и делото на Стариот од цела Бугарија и Македонија.

На настанот свои обраќања имаа претседателот на ВМРО и министер на одбраната на Р. Бугарија Красимир Каракачанов и европратеникот од редовите на истата партија Ангел Џамбаски.
На панихидата во памет на Александров, традиционално присуствуваа и голем број гости од Македонија. Годинава најмногубројна е делегацијата на Културниот центар „Иван Михајлов“ од Битола.