ВО ТЕАТАРОТ ВО ПРИЛЕП ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „КАЗИМИР И КАРОЛИНА“
Во вторник (9 октомври) во 20 часот на сцената на Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиерно ќе биде изведена претставата „Казимир и Каролина“ во режија на Нела Витошевиќ …
Сценографијата за претставата ја изработи Костантин Трпеноски, композитор е Огнен Анасатасовски, драматург е Лидија Митоска–Ѓорѓиевска, а преводот е на Викторија Рангелова–Петровска.
Во претставата настапуваат: Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска, Никола Настоски, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска и други.
Од прилепскиот театар во најавата за претставата нагласуваат дека „Казимир и Каролина“ е претстава за уништените соништа.
„Низ кратки слики кои суптилно се претопуваат една во друга, оваа претстава ја исцртува изолираноста на поединецот во едно општество што се распаѓа, како и кревкоста на меѓучовечките односи кога човек ќе ја изгуби работата, статусот и слично“, стои во најавата за претставата.
