|

ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ЌЕ БИДЕ ИЗВЛЕЧЕН БРОДОТ ВО БУДИМПЕШТА

Полициски експерти во текот на денот ќе го извлечат туристичкиот брод кој потона синоќа за време на судар со крузер во Дунав, во центарот на Будимпешта, соопшти портпаролот на полицијата, Кристоф Гал.

Тој за државната телевизија М1 рече дека подготовките се во тек, а операцијата ќе се одвива во неколку фази.

Досега, од реката се извлечени седум жртви, додека седум лица се хоспитализирани во три болници во Будимпешта.

Во меѓувреме, јужнокорејкото Министерство за надворешни работи соопшти дека во Будимпешта ќе допатува министерот Канг Кјунг Ва, бидејќи меѓу настраданите има државјани на Јужна Кореја.

Како што е наведено, тој лично ќе ја раководи операцијата со истрагата, во која учествува унгарски и јужнокорејски тим.

Несреќата се случи синоќа кај мостот Маргарита недалеку од Парламентот, а за време на сударот, на туристичкиот брод за разгледување имало 33 патници и двајца членови на екипажот. Бродот се превртел и потонал.

Спасени се седум лица, седум починале, а по останатите 19 се трага.

Патниците воглавно биле туристи на возраст помеѓу 40 и 50 години, а меѓу нив имало и шестгодишно девојче.

Извор: Макфакс

Слични Објави