ВО ВЕЛЕШКИ ТЕАТАР, ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „ЕЛЕШНИК“
На Големата сцена на театарот „Јордан Х.К-Џинот” во Велес утре (26 октомври) во 20 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Елешник” од Југослав Петровски, во режија на Елеонора Теова…
„Елешник” е претстава за дадениот збор, за образот и чесноста на една бескрајна љубов кои стануваат робови притиснати од стегите на лакомоста, отуѓеноста и лошото влијание на „брзото живеење”.
Во претставата настапуваат актерите Кети Борисовска, Андреј Серафимовски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Марина Поп-Панкова, Кирил Гравчев, Жарко Спасовски и Кристина Нацева.