ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЗАГРЕБ ЗАГИНА 15-ГОДИШНО ДЕТЕ

//

Дете на возраст од 15 години е прва жртва на земјотресот кој утрово го погоди Загреб, потврдиле за „Хина“ од Загрепскиот институт за итна медицина.

„Добивме извештај за урната зграда на Ѓорѓичева 13. Екипа на брза помош излезе на терен и пронајдоа тешко повредено дете кое веќе не покажуваше никакви знаци на живот“, рече Жарко Рашиќ, директор на Институтот за итни медицина.

Детето, на возраст од 15 години, било пренесено на Клиника за детски болести, но таму само била констатирана неговата смрт.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСА ВО ЗАГРЕБ: СНИМКИ ОД ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ И УЛИЦИ

Следна статија

ЗАТВОРЕНИ СИТЕ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ, СЕ ПРОПУШТААТ САМО КАМИОНИ, ДИПЛОМАТСКИ ПРЕТСТАВНИЦИ И ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ДОЗВОЛИ

Најново од Вести