ДВА СИЛНИ ЗЕМЈОТРЕСА ВО ЗАГРЕБ: СНИМКИ ОД ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ И УЛИЦИ

//

Земјотрес со јачина од 5,3 степени го погоди утрово Загреб во 6 часот и 23 минути. Потоа следел уште еден помал земјотрес со интензитет од пет степени, јави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на седум километри северно од Загреб на длабочина од десет километри.

Последователниот земјотрес се случил во 7:01 часот и неговата јачина според првичните податоци била пет степени, пренесува „Хина“.

Хрватската престолнина се тресела десетина секунди, а луѓето панично излегле на улиците. Вести за штетата доаѓаат од целиот град и околината, пренесува „Јутарњи лист“.

Во некои делови на Загреб, за кратко снемало струја.



На некои згради, фасадите се испукани, покривите урнати, а по становите паѓале полици.

Луѓето панично ги напуштиле своите згради и куќи и излегле на улиците, но докторите апелираат да се држи потребното растојание од околу 2 метра со цел да се избегне ширењето на коронавирусот.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ОД УТРЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС, ВО СИЛА ОД 21:00 ДО 06:00

Следна статија

ВО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ЗАГРЕБ ЗАГИНА 15-ГОДИШНО ДЕТЕ

Најново од Вести