СЛУЧАЈ НА КОРОНАВИРУС РЕГИСТРИРАН И ВО ЈУЖНА ИТАЛИЈА
Бројката починати од коронавирусот во Италија се зголеми на седум, а 230 се заразени. Италијанските власти соопштија дека двајцата новопочинати, 62-годишник и 80-годишник, веќе имале сериозни здравствени проблеми.
Најпогоден регион во Италија е Ломбардија, каде што, според последните информации, има шестмина починати и 173 заразени.
Властите потврдија дека турист од Бергамо кој бил на одмор во Палермо е тестиран позитивно на коронавирусот, што е прв случај во јужниот дел на земјата.