| |

ВОДАТА ОД ГРАДСКИОТ ВОДОВОД ВО СТРУГА И СТРУШКО НЕ ТРЕБА ДА СЕ КОРИСТИ

По обилните врнежи од дожд во Струга и Струшко, водата од градскиот водовод е заматена и не треба да се користи, информира денеска Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“-Струга.

Од претпријатието посочуваат дека работата на санирање на проблемот.

– Бараме од сите корисници да го земат во предвид ова известување и да не ја користат водата се додека не ги известиме за спротивното, соопшти Меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ – Струга.

Во соопштението посочуваат дека имале средби со претставници на компанијата МХЕ Хидроцентрали, кои се заложиле дека проблемот трајно ќе биде решен до крајот на годината и нема да се повторува по секои пообилни врнежи.



Слични Објави