|

ВОЈНА НА УЛИЦИТЕ НА ЧИЛЕ: НАД 10.000 ПОЛИЦАЈЦИ И 7 ЗАГИНАТИ

Владата на Чиле ќе ја продолжи вонредната состојба во земјата по бранот насилства и подметнати пожари во текот на викендот во кои загинаа најмалку седум луѓе, соопшти министерот за внатрешни работи.

Оваа одлука е донесена поради ескалација на насилствата и вандализмот, рече министерот, презентирајќи податок дека само во неделата се случиле над 70 насилни инциденти, вклучувајќи и 40 пљачки на супермаркети и други продавници.

Главниот град на Чиле и други поголеми градови со денови се соочуваат со нереди, што беа предизвикани од зголемувањето на цените на метрото. Дополнително на мета на демонстрантите се најдоа и високите трошоци за живот и нееднаквоста и економскиот модел во кој здравството и образсованието се речиси приватизирани.

Во инцидентите поврзани со протестите загинаа седум лица. Според Обвинителството, до вчера, поднесени се обвиненија против 1.462 лица поради протестите, од кои 614 во Сантијаго, каде се уапсени 179 луѓе.

Претседателот на војската и нареди воведување ред во Сантијаго, па поради тоа, ноќта меѓу саботата и неделата воведена е забрана за движење низ градот, а ваквата забрана е продолжена до денеска.

Слични Објави