ВОЈСКАТА СЕ ВКЛУЧИ ВО ПРЕВОЗОТ НА ПОЧИНАТИТЕ ВО ШПАНИЈА

/

Шпанија ќе ја ангажира војската за превоз на починатите од КОВИД-19, изјави министерот за здравство Илја Рока, откако земјата го имаше најсмртоносниот ден од почетокот на кризата.

Шпанската војска ќе мора да се стави на располагање поради наглото зголемување на бројот на мртви и недостигот на слободни гробни места.

Во Шпанија вчера починаа 832 луѓе, најмногу во еден ден за време на пандемијата на коронавирусот, додека вкупната бројка порасна на 5.690 и повеќе има само во Италија.



Минатата недела, вонредната состојба во земјата беше продолжена до 12 април.

Претходна статија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЈА ИСТРАЖУВА СМРТТА НА СТРУЖАНКАТА ШТО ПОЧИНА ОД КОВИД-19

Следна статија

ПОЧИНА БЕБЕ ОД КОРОНА ВО САД, СОПРУГАТА НА ТРУДО ОБЈАВИ ДЕКА ОЗДРАВЕЛА

Најново од Вести