|

ПОЧИНА БЕБЕ ОД КОРОНА ВО САД, СОПРУГАТА НА ТРУДО ОБЈАВИ ДЕКА ОЗДРАВЕЛА

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 664,746 луѓе заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 30,892, а оздравеле 142,429 лица.

– Во американската сојузна држава Илиноис почина бебе заразено со новиот коронавирус. Во Илиноис во последните 24 часа починале уште 13 луѓе инфицирани со Ковид-19, а регистрирани се 465 нови случаи. Во САД досега се регистрирани 123,776 заразени луѓе, од кои 2.229 починаа, а оздравеле 3,231 лица.

– Во Италија бројот на смртни случаи како последица од Ковид-19 вчера се искачи над 10.000, откако починаа 889 луѓе. Во Италија 92,472 луѓе се инфицирани со Ковид-19, а оздравеле 12,384.

– Во Шпанија во последните 24 часа починаа 832 луѓе како последица од новиот коронавирус, што е најголем број на смртни случаи за еден ден. Вкупно починале 5.690 лица.

– Во Франција 37.575 луѓе се инфицирани со Ковид-19 од кои 2.314 починале.

– Во Јапонија потврдени се 68 нови сличаи на Ковид-19, што е рекорден дневен пораст на заразени лица. Со тоа вкупниот број на инфицирани луѓе се искачи на 1.700, од кои 55 починаа.

– Во Австрија вчера првпат од почетокот на пандемијата e забележаno намалување на инфекцијата под 10 отсто. Според здравствените власти 8.122 луѓе се позитивни на новиот коронавирус, а 410 се излекувани.

– Северна Ирска воведе поригорозни мерки во борба против новиот коронавирус. На сите граѓани им е забрането напуштање на домовите без причина, а ќе бидат затворени и локалите и фирмите, ако не водат сметка за безбедноста на вработените. Во Северна Ирска вчера починаа уште две лица, со што бројот на смртни случаи се искачи на 34, а регистирани се 2.415 случаи.

– Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, Софи вчера изјави дека оздравела од новиот коронавирус. Таа на 12 март беше позитивна на Ковид-19, откако се врати од Лондон. Оттогаш преиерот на Канада и неговото семејство се во самоизолација, но Трудо и неговите три деца немаат симптоми. Во Канада има 5.616 потврдени случаи на новиот корона случај, од кои 61 починале, а оздравеле 445 лица.



Слични Објави