Вонредна седница на СБ на ОН посветена на ситуацијата во Иран
Советот за безбедност на Обединети нации на барање на САД денеска ќе одржи вонредна седница во знак на поддршка на антивладините протести на Иран. Земјите-членки на СБ на ОН се со поделени мислења за протестите во Иран, во кои загинаа најмалу 21 лице, а над 450 се уапсени. Американската амбасадорка во ОН, Ники Хејли претходно изјави дека САД покренале иницијатива во седиштата на ОН во Њујорк и во Женева да се одржи дебата за ситуацијата во Иран. Таа ги поддржа демонстранти, истакнувајќи дека ОН мора јавно да го изнесе своето мислење и да ги поддржи протестите… (Прочитајте го целиот напис овде)
