Воздушни сирени во Киев пред средбата Зеленски – Трамп во Вашингтон
Во Киев се огласија сирени за воздушен напад, непосредно пред долгоочекуваните преговори во Вашингтон помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот американски колега Доналд Трамп, јавува БГНЕС.
Украинските воздушни сили соопштија на социјалните мрежи дека во целата земја е прогласена воздушна тревога, откако бил детектиран полет на руски авион МиГ-31. Овој тип авион е способен да носи хиперсонични ракети „Кинжал“, кои Москва ги користи во нападите врз Украина.

