ВОЗИЛО ИЗЛЕТА ОД ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА – ИМА ПОВРЕДЕНИ
Едно лице тешко повредено во несреќа на патот Кавадарци – Неготино.
Во 11.00 часот било пријавено дека на регионалниот пат Кавадарци – Неготино, патничко моторно возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки управувано од 34-годишниот М.С. од Кавадарци, излетало надвор од коловозот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот, 54-годишниот Д.Ј.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа од Полициската станица Кавадарци.