|

За 24 часа 10 починати пациенти и 467 нови случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19. Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 58 реинфекции. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица. Согласно регистарот на починати, дополнително пријавени се уште четири смртни случаи. Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети. Регистрирани сe 414 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 3.233.



Слични Објави