ЗА НАШАТА ДОМАШНА ЗАДАЧА СО „ИМЕ И ПРЕЗИМЕ“?

Домашната задача е домашна и истата некаде при крајот на 90-те требаше да ја завршиме! Но, како уште тогаш кога и денес не ни е баш јасна, па и некој нејзин сегмент штом се подотвори, невиден отпор до хистерија следи!

loading...

Реагира МАНУ без знаење на неговото Претседателство (академик Беџети се произнесе дека ќе бара одговороност). Реагираше и УКИМ, а ден пред тоа заседава тамошниот Сенат (сенаторите поима немаат)! Неверојатна храброст, „безимен“ со лого на фирмата во име на сите во фирмата за опшествени настани испраќа соопштенија до јавноста?!

Сте слушнале соопштение на Оксфорд, Кембриџ дали се „за“ или „против“ Брегзит? Ставови од тамошните професори колку сакате, еден куп… Начин на размислување и делување од еден друг, минат систем… Се јавиа и од Институтот за македонски јазик, со име и презиме на 15-16 тамошни вработени (…легитимно), а се јави и Институтот за историја во името на сите, од вработените и нивните пензионери до починатите…

Нашиот исчекор во демократијата ми овозможува ете, со име и презиме да им возвратам и да изнесам спротивен став и место, како што „Институтот“ вели да не се укинува историјата како предмет, предлагам истиот да се „забрани“ со закон?! Место да ги читаат нашите академици, место да учат од учебникот за VII-мо одделени (прв автор академик Блаже Ристевски) во кој за младотурската револуција и културата на балканските народи пишуваат во одделот каде се зборува за создавањето на албаската држава (?!), денешните дечиња си имаат „википедија“ и тоа е сосема доволно за нив.

Пример: „Со трагичните години на Балканските и Првата светска војна, во кои Македонија станала крваво боиште и касапница на војските од соседните монархии и европските држави, ja оневозможиле политичката активност на Горчета. Мобилизиран во државниот апарат на Бугариja, тој кратко време бил службеник во Битола и Драма“ (Академик Љубен Лапе) За време на Балканската војна, Ѓoрче Петров бил доброволец на 5-та одринска чета на македонско-одринската милиција. Подоцна бил назначен за шеф на културниот оддел на локалната бугарска влада во Серес. За време на Првата светска војна, Петров работел како претседател на постојаната окружна комисија во Битола, а потоа бил назначен за градоначалник на Драма („Википедија“)

Како што сега, од други причини, Чешка и Словачка ја блокираа „рамката“ за преговори, од истите тие Чешка и Словача низ преговорите, среде преговори ќе треба да очекуваме нас да не блокираат! Со комунистички грб (со Белорусија сме единствени такви во Европа) и со федералната, комунистичка историја од времето на СФРЈ во Европа не се влегува?! За некои нешта и не треба да бараме документации, толкувања оти за оваа последната, модерната историја, ние, малу повозрасните сме производот… Уште Тито жив, на возраст на средношколец во средината на 70-те некому реков: „Не се гради нација на омраза кон сосед, затоа што тоа еден ден од глава ќе ни се удри“? Тоа еден ден, е ова време сега…



loading...

На сите нам во следната 2021 година добро здравје и што поскоро да замине ова планетарно зло! Честито 30 годишна независност на татковината и во годината што следи почеток на преговорите за нашето идно членство во Европската Унија…

Автор: Проф. д-р Драган Колчаковски